Јаник Синер е втор финалист на грен-слем турнирот Аустралијан Опен и закажа дуел за престижниот трофеј со Александер Зверев.
Италијанецот денеска се соочи со американскиот ривал Бен Шелтон, кој имаше добра шанса да го добие првиот сет, а откако не успеа, не можеше да му парира на фаворитот.
Шелтон направи брејк за 6:5 во првиот сет, но не успеа да го одбрани брејкот и загуби убедливо во тај-брејкот за 7:6 за Синер.
Во наредните два сета, Синер издоминира со 6:2 за конечни 3:0 во сетови и можност за нов грен-слем трофеј.
Финалето Синер-Зверев ќе се игра во недела, а Германецот стигна до него по само еден одигран сет со Новак Ѓоковиќ.