Дејвис ќе остане во Баерн затоа што не бил задоволен од однесувањето и потезите на Реал Мадрид

Дерби

24/01/2025

14:24

1.479

Големина на фонт

а а а

Алфонсо Дејвис се согласил на потпишување нов договор со Баерн Минхен и неговата иднина е поврзана со бундеслигашот, чиј дрес ќе го носи уште најмалку неколку сезони.

Канадскиот репрезентативец долго беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но неодамна стана јасно дека ќе остане во Баерн и за тоа ќе добие и многу подобри финансиски услови.

Но, шпанска „Марка“ тврди дека постојат јасни причини поради кои не успеале преговорите меѓу Дејвис и Реал, за кои се претпоставуваше дека подразбираат тој да пристигне во јуни како слободен агент.

Шпанскиот медиум тврди дека фудбалерот ја донел одлуката затоа што се чувствувал извисен и изневерен од раководството на Реал, кое последниот период го оставило „на чекање“.

Дејвис очекувал да биде купен минатото лето, но Реал се повлекол од таа идеја поради високата трансфер сума и подобрената форма на Ферлин Менди. На тој начин левиот бек бил оставен да чека на следниот чекор, но Реал никако не го правел истиот и го зголемил незадоволството кај Дејвис, кој на крајот решил да пресече и да се согласи на останување во Баерн.

Тој пресврт добро му дојде на раководството на германскиот великан, кое пред само шест месеци не можеше да очекува вакво сценарио, иако сигурно го посакуваше. Од друга страна, според „Марка“, Реал свесно ги влечел чекорите и го смета тоа за дел од трансфер стратегијата од која не планира да отстапува.