Поранешен играч на Манчестер Сити ја удирал сопругата со нога во глава

Точка

24/01/2025

21:01

2.208

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Квинс Парк Ренџерс, Џои Бартон (42) е на суд поради претепување на поранешната сопруга Џорџија (38).

Како што пренесува "BBC", Бартон во јуни 2021 година пијан ја турнал сопругата, која паднала на подот, а потоа ја удрил со нога во главата.


Тоа се случило на домашна забава со уште два пара, додека децата спиеле горе. Џорџија Бартон потоа повикала полиција и го пријавила својот сопруг. Бартон беше познат како груб човек на теренот за време на неговата играчка кариера. Правеше сериозни фаули и добиваше куп картони, се расправаше со противниците, соиграчите, тренерите …


Но, тој создаде врвна кариера токму поради неговата борбеност. Има играно најмногу во Премиер лигата, а има забележано и еден настап за англиската репрезентација. Се испроба и како тренер. Тој ги водеше англиските нисколигашки тимови Флитвуд и Бристол Роверс, поминувајќи две и пол години во двата клуба.


Моментално е без договор од октомври 2023 година.