[ФОТО/ВИДЕО] Луѓето не можат да веруваат дека Дино Мерлин живее тука: Најбогатиот пејач на Балканот може да ужива во луксуз, а сепак не ја напушта куќата во која е роден

Точка

29/01/2025

10:40

6.582

Големина на фонт

а а а

Пејачот Дино Мерлин е сопственик на куќа и продавница во Сараево, а екипата на српски „Блиц“ своевремено ја посетила населбата во која живее кантавторот.

Дино Мерлин живее во куќа во сараевската населба Алифаковац, која на прв поглед изгледа скромно и ненаметливо, слична на околните домови. Терасата на куќата е оградена, обезбедувајќи му дополнителна приватност

Освен семејниот дом, Дино поседува и други недвижнини, меѓу кои и куќа во елитниот дел на Сараево, која ја издава на амбасадор на странска држава.


Според податоците на „Celebrity Net Worth“, Дино Мерлин е еден од најбогатите музичари на Балканот, со богатство проценето на 100 милиони долари (95,8 милиони евра). И покрај тоа, тој и понатаму живее во својот семеен дом во Сараево.




Тој ретко зборува за приватниот живот, но во една прилика направил исклучок и зборувал за своите наследници, ќерката Наида и синот Хамза. Како што рекол тогаш, најсреќен е што своите наследници не ги воспитал да бидат арогантни, туку да живеат здрав и пристоен живот.

„Важно е да се остане човек во оние најелементарните работи. Да речеме, јас сум многу среќен поради мојот приватен живот, бидејќи никогаш нема да прочитате дека мојот син вози Ламборџини или Ферари, дека моите деца се арогантни, дека шмркаат кокаин … Моите деца се пристојни и вредни“, изјави Мерлин за „ХРТ“, а потоа додал:

„Најголема среќа за мене е кога ќе дојде некој таксист и ќе рече: „Ги знам твоите песни и сè, но твоите деца се скромни“. Ете, тоа е најголемото достигнување. Мило ми е што живееме еден пристоен живот и сме солидарни со луѓето“.


Во интервју за емисијата „Во свој филм“ на Хрватската радио телевизија во 2021 година, Дино говорел за еден од најтешките периоди во својот живот, кога се соочувал со депресија. Тој открил дека во тие моменти дури размислувал да се откаже од музиката.

„Имав сериозен здравствен проблем – тешка депресија, нешто што не би му го посакал ни на најголемиот непријател. Тоа ме направи неспособен за што било“, зборувал тој.

„Тоа беше периодот кога бев билка. Тогаш ми сешто ми паѓаше на ум, дури и размислував да се откажам од музиката. Но, одлучив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, на кој сум многу горд“, раскажал тој во емисијата и додал: „За мене клучни се целосната посветеност на работата која ја работите, искреноста и храброста за експериментирање. Секогаш да сте во можност да се изненадите. Никогаш нема да направите добра работа ако се повлечете во себе, ако не излезете од вашата комфорна зона. Многу сум горд на моите деца кои сами го избраа својот пат и се образуваа. Знам што е важно, а што неважно во животот. Секогаш се трудев да им се допаднам на многу луѓе, но не и да се допаднам на сите.

Дино Мерлин, чие вистинско име е Един Дервишхалидовиќ, пораснал во скромно семејство. Татко му ја напуштил семејната куќа кога Дино имал само седум години, па тој и сестра му биле одгледани од мајка им. За да ѝ помогне финансиски, како млад почнал да работи.


„Секогаш се трудам да бидам солидарен со луѓето, јас сум прилично народен човек и сакам да придонесам. Ако можам да помогнам некому на кој било начин, тука сум.“

Во април минатата година на пејачот му се слошило во Сараево, а брзата помош пристигнала во неговата продавница „Магаза“ која се наоѓа во Башчаршија. „Ви благодарам за грижата, Дино се чувствува добро. Благо му се слоши, но сега сè е во ред“, изјавил тогаш за „Вечерњи лист“ раководството на прославениот сараевски уметник.

Својата музичка кариера ја започнал во раните 80-ти кога ја основал групата „Мерлин“, а подоцна кога запловил во соло водите, на публиката ѝ се претставувал како Дино Мерлин.

Дино Мерлин, чие вистинско име е Един Дервишхалидовиќ, пораснал во скромно семејство. Татко му ја напуштил семејната куќа кога Дино имал само седум години, па тој и сестра му биле одгледани од мајка им. За да ѝ помогне финансиски, како млад почнал да работи.

„Татко ми беше столар, а мајка ми домаќинка. Имав тешко детство: татко ми го напушти семејството кога имав седум години, а сестра ми Амина имаше пет години. Мама се трудеше да ни даде сè што беше во нејзина моќ, па не ни недостигаше премногу. Имав велосипед, половни скии и јаболко секоја вечер пред спиење, што всушност е доста. Многумина во тие денови го немаа ни тоа“, рекол Дино во извесно интервју, присетувајќи се на своето детство.