Светски познатата манекенка Бела Хадид облечена во бикини и каубојски чизми за малку ќе го „стопеше“ снегот околу неа за време на новата фотосесија.
Ангелот на Викторија Сикрет (28), во оскуден дводелен костим за капење се тркалала по снегот, а фотографиите ги објавила на својот Инстаграм профил.
Бела се спротивставила на ниските температури, покажувајќи ја својата извајана фигура. Ѕвездата ги покажала своите неверојатни облини додека си играше на снегот.
Оваа фотосесија е направена откако Бела беше прогласена за „дебитант на годината“ на натпревар во јавање коњи во родео. Облечена во црна каубојска шапка и зелена јакна со реси, Бела гордо го држела својот медал додека позирала пред публиката. Манекенката, која поголемиот дел од 2024 година ја поминала учејќи за овој натпревар, сега ги жнее плодовите од своите напори.
Таа ја споделила својата возбуда на Инстаграм:
„Да можам да пробувам нови работи и да постигнувам нови цели, особено со коњите, ми донесе најголема радост. Секој ден му благодарам на Бога за коњите – за сè што ме научија за безусловна љубов, среќа, поврзаност, трпение и напорна работа“.
„Навистина сакав да доаѓам на натпревари за да го поддржам моето момче, очувот и пријателите. Адан секогаш веруваше во мене, од првиот ден кога јававме заедно, што ми ја врати самодовербата. Без него немаше да успеам! Со труд, добрина и страст - сè е можно“, напишала Бела.