Кимих: Мора да пронајдеме едно решение за големото дерби во сабота

Дерби

13/02/2025

13:55

1.304

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен успеа да мине успешно на тешкото гостување во Шкотска и со победа од 1:2 се враќа во Германија, а реалноста вели дека баварците нема да можат долго да се радуваат на триумфот над Селтик.

Тимот на Венсан Компани веќе во сабота игра големо дерби во Бундеслигата, натпревар кој може да даде и јасен одговор за тоа во која насока ќе оди битката за титулата во германскиот фудбал.

Баер Леверкузен како актуелен шампион го пречекува Баерн на домашен терен, а во ситуација да претрпи пораз, баварците ќе отидат на плус 11 кои нависитна изгледаат недостижно во трката за трофејот.

За да се случи тоа, Баерн ќе мора да одигра далеку подобро од она што го прикажува во изминатите две години, во кои Леверкузен не знае за пораз на петте последни пресметки против најтрофејниот тим во лигата.

– Не е тајна дека имавме многу проблеми на последните натпревари против Леверкузен. На последните два меча доминиравме со нив, но не успеавме начин да постигнеме повеќе голови. Ќе мора да пронајдеме решение на тој проблем на саботниот меч, но исто така, ќе мора да се браниме добро. Очекувам многу добар натпревар од двата тима, – изјави Џошуа Кимих во првата најава за дербито.