Нејмар понуди дриблинг деликатес, па имаше симпатичен момент со Депај

Дерби

13/02/2025

13:58

1.793

Големина на фонт

а а а

Нејмар-манијата се уште владее во Бразил и со огромно внимание се следат сите негови натпревари, но реалноста вели дека напаѓачот ќе мора да почека на првата победа по враќањето во Сантош.

По двете реми пресметки против Ботафого и Новоризонтино, Сантош рано утрово го претпре и првиот пораз по кам-бекот на Нејмар, и тоа во дерби пресметката со Коринтијанс.

Натпреварот заврши 2:1 во полза на домаќините и како победник од пресметката на двете големи ѕвезди излезе Мемфис Депај, фудбалер кој дефинитивно има изградено фантастичен однос со Нејмар.

Двајцата се погрижија за симпатична сцена по крајот на натпреварот и си ги разменија „10-те“ кои ги носат во своите клубови, но фановите останаа воодушевени и од еден фудбалски деликатес на Бразилецот.

Иако ќе мора да почека на првата победа, Нејмар сепак воодушевува со низа потези кои ги презентираше досега во матичната земја, па тоа важи и за денешниот дриблинг кој го режираше во близина на аут линијата.