Новото истражување покажало: Мажите двојно побрзо се вљубуваат во споредба со жените

Точка

05/03/2025

09:14

3.112

Големина на фонт

а а а

Новото истражување открило дека мажите се вљубуваат речиси двојно побрзо од жените.

Академици од Австралискиот национален универзитет анкетирале 900 млади луѓе (на возраст од 18 до 25 години) од 33 различни земји за да ги откријат разликите меѓу половите кога станува збор за вљубувањето. Резултатите покажале дека на просечниот маж потребни му се нешто повеќе од четири недели за целосно да се вљуби, додека кај жените процесот е многу побавен.


„Просечниот резултат за жените беше 1,92 месеци по формирањето на романтична врска, додека за мажите беше 0,98 месеци, што покажува дека мажите се вљубиле приближно еден месец порано од жените“, рекоа истражувачите во нивниот труд објавен кон крајот на минатиот месец во списанието „Biology of Sex Differences“.

Мажите почесто се вљубуваат

Не само што мажите се вљубуваат побрзо од жените, туку и почесто. Анкетираните мажи биле заљубени во просек 2,6 пати, додека кај жените бројот бил 2,3 пати. Со оглед на тоа што просечниот учесник веќе бил заљубен неколку пати и покрај релативно младата возраст, истражувањето сугерира дека романтичната љубов е доста честа појава.


Исто така, многумина од испитаниците изјавиле дека веруваат дека ќе се заљубат уште неколку пати во текот на животот.

Жените имаат поинтензивни чувства

Истовремено, истражувањето покажало дека додека мажите се вљубуваат побрзо и почесто, жените имаат тенденција да искусат поинтензивни чувства откако ќе се посветат на врската.


„Жените чувствувале поголем интензитет на романтична љубов, поголема посветеност и поголема опсесија со саканата личност отколку мажите“, рекоа експертите. „Мажите побрзо ќе се вљубат бидејќи се биолошки „програмирани“ да бараат поголем број потенцијални партнери, додека жените повнимателно избираат и трагаат по поквалитетен партнер“, додадоа тие. „На крајот, жените сепак се попребирливи од мажите“, заклучија тие.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk