Македонската поп-принцеза Каролина Гочева отсекогаш својот приватен живот вешто го чувала за себеси и ретко кога споделува приватни мигови.
Но, затоа кога ќе дозволи јавноста да „ѕирне“ во нејзиниот живот – секогаш сме сведоци на прекрасни фотографии од некои патувања, концерти и моменти со нејзиното семејство.
Овојпат, таа на својот Инстаграм профил сподели објава од Доха – каде што била заедно со сопругот Михаил Корубин.
Керол објави фотографии и видеа од патувањето еден месец откако се врати во Македонија, но, и понатаму под силни впечатоци од она што го видела и доживеала таму.
„Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“, напиша Каролина на Инстаграм.
На фотографиите можеме да ја видиме нејзината посета на музејот во Доха, дизајниран во форма на пустинска роза, романтична вечера со Михаил, прошетки …
Несомнено до израз доаѓа и нејзиниот беспрекорен стил. На една од фотографиите да е облечена во романтичен зелен фустан, со шлиц до колкот, кој ја истакнува нејзината совршена фигура.
На друга, пак е во лелеаво розово здолниште и „оверсајзед“ џемпер – кежуал издание со пуштена коса со која си поигрува ветрот.
Инаку 44 годишната пејачка и 6 години помладиот Корубин оваа година ќе прослават 8 години брак. Тие се еден од ретките парови на јавната сцена кои успешно ја чуваат приватноста далеку од очите на јавноста.