Бруно откри интересен детаљ: Последното лето имав понуда од друг клуб…

Дерби

14/03/2025

13:57

582

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш и вчера имаше клучен реализаторски ефект во триумфот на Манчестер Јунајтед во Лига Европа, а по осминафиналната пресметка открил дека последното лето имал опција за разделба со „црвените ѓаволи“.

Португалскиот репрезентативец пред медиумите објаснил дека имал конкретни разговори со раководството и од истото добил цврсти гаранции, кои му биле доволни да донесе решение да остане на „Олд Трафорд“.

– Седнавме на маса со претставници на клубот бидејќи имав конкретна понуда, зборувавме за тоа дали е подобро да останам или заминам.

– Тие ми кажаа што очекуваат од мене, а моето единствено прашање беше дали ме гледаат како дел од иднината на клубот или не.

– Тогаш зборував и со Тен Хаг, беше максимално јасен, исто како и клубот, сметаа дека ќе имам важен дел од оваа фаза на реконструкција, – изјавил Бруно.