Уште една лоша вест за „Tesla“! Повлечени повеќе од 46.000 познати возила во САД, еве во што е проблемот

Точка

21/03/2025

21:12

5.360

Големина на фонт

а а а

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ повлече повеќе од 46.000 свои „Cybertruck“ возила поради проблем со каросеријата што би можел да ја загрози безбедноста, објави денеска Американската национална администрација за безбедност во сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Според извештаите, постои опасност горниот дел од каросеријата на „сајбертрак“ да се одвои за време на возење, пренесува "CNN".

Станува збор за возила произведени од ноември 2023 до 27 февруари оваа година, што практично ги опфаќа речиси сите модели на „Cybertruck“.


Ова е уште една во низата лоши вести за „Tesla“. Акциите на компанијата се во пад откако нејзиниот извршен директор, Илон Маск, замина во Вашингтон и се посвети на работата во Одделот за ефикасност на владата (DOGE).

Вредноста на акциите на „Tesla“ достигна врв од 479,96 долари на 17 декември, но од тогаш изгубија повеќе од 50% од својата вредност, што доведе до намалување на пазарната капитализација на компанијата за повеќе од 800 милијарди долари.


Медиумската куќа „Fox Business“ му постави прашање на Илон Маск како успева да ги води своите компании додека истовремено работи во Белата куќа на зголемување на ефикасноста, а тој одговори дека тоа го прави „со големи потешкотии“.