Вештачка интелигенција во љубовта? Сè повеќе млади ја користат за љубовни совети

Точка

28/03/2025

21:00

1.957

Големина на фонт

а а а

Истражувањето покажало дека генерацијата Z (18 до 26 години) најмногу користи вештачка интелигенција (AI) во љубовниот живот – 15% од испитаниците ја користат за планирање состаноци, а 12% бараат совети за врски.

Малку помалку отворени кон ова се миленијалците (29 до 44 години) – 9% од нив користат "AI" за организирање состаноци, додека 11% бараат љубовни совети.

Многумина се скептични кон вештачката интелигенција

Сепак, поголемиот дел од младите сè уште не ѝ дозволуваат на "AI" да ја преземе улогата на Купидон. Дури 72% од генерацијата Z и 76% од миленијалците никогаш не ја користеле вештачката интелигенција во романтични цели.

Главните причини, според нив, се сомнежите во автентичноста и вистинската поврзаност.

Експертот за врски Али Булок, која работи за апликацијата "Paired", објаснува зошто младите се претпазливи:

„Апликациите за состаноци се исцрпувачки, а по пандемијата луѓето сè повеќе бараат личен контакт. "AI" изгледа како уште една алатка што ги оддалечува врските од искрената човечка поврзаност, па затоа многумина се скептични.“


Како технологијата влијае на љубовните врски?

Испитаниците откриле кои технолошки проблеми најчесто ги нарушуваат нивните врски.

Најголем проблем за генерацијата Z и миленијалците е користењето мобилен телефон за време на заедничкото време – 57% од младите и 68% од миленијалците го гледаат тоа како пречка.

Други проблеми се играњето видеоигри и одговарањето на работни пораки надвор од работното време.

Дали иднината носи вештачка интелигенција во љубовните врски?

Иако вештачката интелигенција сè уште не е широко прифатена во љубовните односи, интересот расте.

Речиси петтина од миленијалците (19%) изјавиле дека во иднина би разгледале користење на "AI" за советување, партнерска терапија или водени вежби за парови.

Но, Булок предупредува:

„Преголемата зависност од вештачка интелигенција може да доведе до намалена емоционална интелигенција и послабо решавање на конфликти во врските.“


„Треба да го подобриме начинот на кој се поврзуваме. Предизвиците во врските отсекогаш се решавале со помош на книги, пријатели или терапевти – "AI" е само уште една алатка,“ вели Булок.

„Таа нема да ја замени вистинската поврзаност, но може да им помогне на паровите подобро да се снајдат во модерните љубовни односи.“

„Наместо да се плашиме од новите технологии, треба да се фокусираме на тоа како тие можат да го подобрат начинот на кој се поврзуваме. Тој воз веќе тргна, сакале ние или не,“ заклучува таа.