Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, зголемен број на одрони

Макфакс

28/03/2025

21:12

8.224

Големина на фонт

а а а

Големо невреме вечерва има на автопатот Штип-Миладиновци. Кај наплатната станица Кадрифаково покрај поројниот дожд имало и град.

Подружницата на „Македонија пат“, информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево-Пехчево-Берово, екипи на претпријатието работат на нивно чистење.

„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од „Македонија пат“.

Возачи кои сообраќаат на релација Скопје Штип алармираат за појава на град на патот ! 👇👇

Posted by delcevo365.mk on Friday 28 March 2025

Posted by Sanja Atanasovska on Friday 28 March 2025