[ВИДЕО] Шутна "Tesla Cybertruck" – брзо зажали за тоа

Точка

05/04/2025

10:16

2.966

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на "Tesla" автомобили во последно време мораат да бидат особено внимателни, а еден инцидент во Калифорнија го потврди тоа – непознато лице удри "Cybertruck", не знаејќи дека сопственикот бил само неколку метри подалеку.

Откако сопственикот на "Cybertruck"инфлуенсерот Тигран Герц, го паркирал својот електричен камионет, "Hyundai Ioniq 6" се приближил до него. Од возилото излегле неколку лица, меѓу кои и маж во розево-сив џемпер, кој без јасна причина двапати го удрил возилото со нога, сето тоа снимајќи го со својот телефон.

Несвесен дека Герц е веднаш во близина, напаѓачот продолжил понатаму. Герц го повикал, но тој го игнорирал. Потоа инфлуенсерот го следел до блиското кино и повикал полиција, која дури и ја паузирала филмската проекција за да го пронајде и уапси осомничениот.

Герц го снимил моментот кога полицијата го изнесува мажот од киното и го воведува во полициско возило.

„Повеќето луѓе се извлекуваат со вандализам, но не и овој тип,“ напиша Герц на социјалните мрежи.

Клучна улога во апсењето одигра и „Sentry Mode“ безбедносниот систем на "Tesla", кој автоматски го снимил инцидентот. Благодарение на јасните видеодокази, полицијата немала потреба да се потпира само на изјави – сè било документирано од самото возило.