Руско-американската државјанка Ксенија Карелина, која беше осудена на 12 години затвор во Русија за донирање 51,80 долар за украинска добротворна организација во САД, утринава им беше предадена на американските власти во размена на затвореници со Москва.
Акцијата се случила рано утринава на територијата на Обединетите Арапски Емирати, поточно во Абу Даби. Убавата Ксенија им беше предадена на Американците во замена за Артур Петров.
Ксенија беше уапсена на почетокот на 2024 година во Јакетеринбург, а ги посетувала своите баба и дедо.
Ксенија Карелинa живеела во Лос Анџелес и вежбала балет до нејзиното апсење, а американско државјанство добила во 2021 година.
Таа отиде во Русија во јануари 2024 година за да ги посети роднините, но САД дознаа за нејзиното апсење дури на 8 февруари. Крис ван Херден, момчето на Ксенија, претходно изјави за Си-ен-ен дека ѝ купил билет за Русија како роденденски подарок. Тој рече дека таа се гордее што е Русинка и не гледа вести. Меѓутоа, веднаш штом пристигнала на руска територија, била уапсена, а подоцна осудена за помагање на Украина.
Да потсетиме, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Ксенија Карелинa за учество во јавни акции за поддршка на режимот во Киев.