Измамил старица за 3.000 евра, лажел дека син ѝ прегазил дете

Макфакс

10/04/2025

13:55

768

Големина на фонт

а а а

Измамник земал 3.000 евра од старица во Скопје. Тој ѝ рекол дека син ѝ со автомобил прегазил дете, а за да се спаси од затвор треба да му даде пари.

Според информациите на МВР, вчера 81-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.