Слот по потврдата дека Салах останува во Ливерпул: Посебно ме воодушева со една работа

Дерби

11/04/2025

13:14

1.484

Големина на фонт

а а а

Ливерпул утринава потврди дека Мохамед Салах ставил потпис на нов договор и според најавите тој ќе биде член на „црвените“ барем уште две сезони.

Египетскиот репрезентативец ги израдува и фановите на премиерлигашот со својата одлука, а уште повеќе и менаџерот Арне Слот, кој денеска не штедел комплименти за најдобриот играч на Ливерпул на вообичаената петочна прес-конференција.

Новинарите побарале од Слот да истакне што го прави Салах толку специјален за неговиот тим.

– Прво и основно, тој секогаш бил коментиран како фудбалер, нешто што е исправно од страна на новинарите. Но, јас го гледам и како човек и карактер, а тој е многу скромен.

– Секогаш сака да работи напорно, да притиска и на тој начин стана и фудбалер каков што е, но и го задржува нивото толку долго.

– Она што го прави специјален на теренот е што може да постигнува голови и кога не ги игра своите најдобри 15 или 30 минути. Мора да си ментално силен ако сакаш да бидеш на исто ниво на секои три или четири дена во текот на седум-осум месеци, неговата ментална сила е она што посебно ме воодушевува кај него, – рекол Слот.