Сандро Тонали и Николо Фаџоли признаа дека нелегално се обложувале и веќе се вратија на терените по изречените суспензии, но нивните телефони откриле поврзаност и на други фудбалери и нивни пријатели со нелегални платформи за обложување.
Истрагата открила дека барем уште неколку фудбалери од Серија А ги користеле нелегалните платформи во периодот меѓу 2021 и 2023 година, но не се обложувале на фудбал, туку најчесто играле покер.
Иако обвинението не е толку сериозно како тоа на Тонали и Фаџоли, може да донесе парични казни за Николо Ѕаниоло, Вестон МекКени, Матија Перин, Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Алесандро Флоренци, Самуеле Ричи, Кристијан Буаното, Матео Канчелиери, Раул Беланова и Жуниор Фирпо.
Обвинителите нашле комуникација на уредите на двајцата фудбалери и истата најмногу ќе ги погоди организаторите на мрежата на нелегално обложување и коцкање, за кои се предвидени кривични постапки.
Интересно е што истрагата открила и како се одвивало користењето на платформите, при што фудбалерите откако ќе влегле во дебел минус и требало да исплатат одредена сума, посетувале продавница за луксузен накит и часовници во Милано и таму правеле фиктивно купување на часовник „Ролекс“ или нешто слично, при што заминувале без производот.