Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради измама со проджба на кујнски прибор. Од Основен суд Штип пријавениот е осуден и му е изречена казна – протерување на странец од територијата на државата во траење од три години.
Тој измамил 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во заблуда дека е оригинален производ на познат бренд.
По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица го признал делото и ги вратил парите, велат од МВР.