Вирално видео: Суарез се обиде да го гризне ривалот, но сфати дека станува збор за раката на Жорди Алба

Дерби

14/04/2025

13:53

1.226

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами направи пресврт на домашен терен против Лос Анџелес и успеа да се пласира во полуфиналето на КОНКАКАФ шампионскиот Куп, а победат од 3:1 ја одбележа и еден инцидент во самата завршница.

Во моменти кога гостите се обидуваа на секаков начин да се изборат за гол кој носи продолжение, настана и една мешаница на теренот, од која највпечатлив е потегот на Луис Суарез.

Уругваецот во својата играчка кариера во неколку наврати беше суспендиран поради гризање противници, но сега за првпат имаше таков испад и во Америка.

Во мешаницата која настана, Суарез мислеше дека играчот кој му е зад грб е противник, па имаше обид да режира нов канибалски потег.

За да биде уште поинтересно, „Ел Пистолеро“ во последен момент сфати дека станува збор за раката на неговиот соиграч Жорди Алба, па на крајот се откажа од намерата да режира нова глупост.