Рожер Федерер се повлече од професионалното играње тенис на крајот на 2022-ра година како последница на непријатната повреда на коленото, а иако во изминатиот период успеа целосно да се дистанцира од тенискиот терен, големиот грен-слем шампион сега признава дека има нови планови кога е „белиот спорт“ во прашање.
Швајцарскиот маестро во екслузивното интервју за „ТНТ Спортс“ откри дека му здодеало од играњето голф во изминатите две-три години, па сега планира посериозно да му се врати на тенисот, со два или три тренинзи во текот не една седмица.
Планот на Федерер е да се врати во форма и да биде во ситуација да размислува за враќање на терените, со јасна цел да организира хуманитарни и ревијални турнири кои ќе соберат голем број тениски фанови на едно место.
– Сакам повторно да му се вратам на тенисот и да играм по два-три пати неделно. Сакам да тренирам секоја седмица и да се вратам на теренот за егзибиции. Сакам повторно да ги полнам стадионите ширум светот.
– Доста ми е од голф, доволно се изнаиграв изминативе години. Се уште немам точни планови за како ќе се одвиваат работите, но дефинитивно планирам да бидам посериозен околу тенисот и да се вратам на теренот за егзибициски мечеви. Сакам повторно да играм тенис, – вели Федерер.