Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: Нападнат фудбалер на гостинската екипа, кој завршил во болница

Макфакс

14/04/2025

14:40

1.196

Големина на фонт

а а а

Синоќа во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С.Б.(43) од истото село.

Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.