Првиот човек на Баер: Подобро ќе беше Реал да го победеше Арсенал

Дерби

15/04/2025

11:49

748

Големина на фонт

а а а

Баер Леверкузен сезонава заостанува на табелата зад најголемиот ривал Баерн Минхен, но бундеслигашот се надева дека и следната сезона ќе го има Чаби Алонсо на својата клупа.

Шпанскиот стручњак долго време е поврзуван со Реал Мадрид и е прв пик на медиумите во ситуациите кога се шпекулира со заминување на Карло Анчелоти, нешто што сигурно не е едноставно за следење од страна на раководството на Баер.

Извршниот директор Фернандо Каро во својата последна изјава вели дека навивал за Реал во дуелот со Арсенал, токму за да се избегнат гласините кои се активираа по натпреварот на „Емирејтс“.

– Искрено, посакував Реал да го победеше Арсенал убедливо на првиот натпревар за да се избегнат шпекулациите околу тренерската позиција.

– Нормално е дека кога екипа како Реал ќе загуби со 3:0 да почнат секакви шпекулации, па посакував да избегнеме такво нешто. Имаме одличен однос и соработка со Чаби, тој има договор и ние ја планираме следната сезона заедно со него, – рекол Шпанецот кој менаџира со „фармацевтите“.