ФК Вардар ги исчисти долговите и ја деблокираше сметката после осум години

Дерби

15/04/2025

12:52

675

Големина на фонт

а а а

Раководството на ФК Вардар денеска ја информираше јавноста дека клубот ги исплатил заостанатите долгови и конечно ќе работи со деблокирана сметка.

По пауза од осум години, ФК Вардар може непречено да ги извршува своите секојдневни обврски со нормално функционирање на сметката, а откако се покриени финансиските барања кон неколку физички и правни лица.

Во продолжение, целосното соопштение на клубот:

– Извршниот директор на АД ФК Вардар, Г-дин Миленко Неделковски, ја известува заинтересираната јавност дека комплетно се исплатени долговите кон:

Дарко Панчев – 4.134.855.00 денари.

Владица Брдароски – 8.759.744.00 денари.

Бендџамин Демир – 6.100.000.00 денари.

Михајло Костиќ – 8.834.415.00 денари.

Александар Игески – 935.353.00 денари.

Фитнес Инфинити – 2.014.562.00 денари.

ЕАМ ДОО Штип – 263.006.00 денари.

Исто така се информира јавноста дека сметката на АД ФК Вардар од 09 април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи, – велат од ФК Вардар.