Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуирал Џенифер Лопез на улица, а она што привлече најголемо внимание не била самата средбата со познатата пејачка и актерка, туку фактот дека тој не ја препознал.
Ја прашал како се вика
Додека поминувал покрај неа, инфлуенсерот спонтано и упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал со што се занимава. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка и забавувачка. Секако, корисниците на Тикток забележале колку пејачката била збунета во тој момент.
Сите детали од оваа средба биле објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот ѝ поставил уште неколку прашања на Лопез. Освен што ја прашал со што се занимава, тој ја прашал и како се вика, што уште повеќе ја изненадило пејачката.
Инфлуенсерот потоа ја прашал Џенифер што е она што го сака во нејзината работа, а таа одговорила дека сака сè што е поврзано со работата. Меѓутоа интервјуто не завршило тука – следното прашање беше што ја мотивирало да избере таков пат во кариерата, на што Лопез одговорила: „Едноставно тоа е нешто што морав да го направам“. Потоа зборувале и за самодоверба, а Џеј Ло ги споделила своите совети.
На крајот од интервјуто, тиктокерот ја прашал Џенифер кој е најдобриот совет што некогаш го добила, а таа откри дека нејзината мајка ѝ велела: „Работи напорно и биди добра личност“.
Минувачите ја поздравувале
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминале девојки кои го извикувале нејзиното име, а таа со насмевка ги поздравила. Но, ниту во тој момент тиктокерот не претпоставил дека се работи за голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото настана голема дискусија – едни коментираа дека е очигледно дека тиктокерот само се преправал и имал намера да ја испровоцира, а други застанаа во негова одбрана. „Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напишал еден корисник.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина таа многу се потруди да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „За две минути ѝ го сруши егото“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиот период“, беа само дел од коментарите.