Јусте за помилувањето на Мбапе: Срам за фудбалот!

Дерби

16/04/2025

13:53

1.584

Големина на фонт

а а а

Шпанските дисциплинци го помилуваа Килијан Мбапе и му изрекоа минимална казна за бруталниот старт кој го режираше на натпреварот против Алавес во Виторија, потег кој многу лесно можеше да заврши и со скршеница за Антонио Бланко.

Французинот стартуваше остро со отворен ѓон и доби исклучување дури по проверката на ВАР, но бидејќи Сото Градо во својот записник напишал дека немало очигледна намера за опасен старт, дисциплинците во шпанската Федерација не можеа да му дадат поголема казна од три меча.

За да биде уште поконтроверзно, дисциплинците се одлучија да ја одредат најмалата суспензија од само еден меч, а тоа секако предизвика многу реакции во јавноста, но и револт во таборот на Барселона.

Рафаел Јусте како потпретседател на Барселона денеска распали по двојните аршини кои се практикуваат во шпанскиот фудбал, кои според него се само уште еден доказ дека Барса не смее да си дозволи кикс до крајот на сезоната во обидот да дојде до титула.

– Стартот на Мбапе беше апсурден и брутален и лесно можеше да заврши со скршеница и тешка повреда кај противникот. Неговиот потег беше неконтролиран и не смееше да мине неказнето.

– Нашите играчи се чисти и нема да имаат ваков старт, но ако некогаш се случи, навистина не знам каква казна ќе добиеме. Донесената пресуда е голема неправда и тоа ни покажува дека мора да направиме се што е во наша моќ за да не зависиме од други. Ова е лош пример за фудбалот, вистински срам за фудбалот, – порачува Јусте во интервјуто за „РАЦ1“.