[ФОТО] Репрезентативецот на Англија снимен како бутка автомобил на улица – Ги воодушевил навивачите

Точка

16/04/2025

16:06

2.234

Големина на фонт

а а а

Познатите фудбалери во јавноста често делуваат недопирливо и недостапно за „обичните“ луѓе и навивачите, но чести се и примерите кога некои од нив ја покажуваат својата скромност.

Еден таков пример е оној на Ден Бурн (32) од пред неколку дена, кога бил снимен на улица како му помага на еден од учесниците во сообраќајот да го помести расипаниот автомобил.

На некој возач во Њукасл му се расипал автомобилот, а Бурн покажал емпатија и излегол да му помогне на човекот да го тргне автомобилот од патот.

Во тој момент фудбалерот бил снимен како турка автомобил, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.

Инаку Ден неодамна станал репрезентативец на Англија и бил на последната средба на Гордиг Албион, а и го одиграл целиот натпревар против Албанија во победата на Англија од 3:0.

Инаку, тој е и стандарден член на бековската линија на четвртопласираниот тим на табелата во Премиер лигата, а за Њукасл сезонава одиграл 30 натпревари во првенството и уште девет во другите натпреварувања.