Бред Пит се бори со нарушување кое му го отежнува животот: „Луѓето не ми веруваат“

Точка

16/04/2025

21:18

4.934

Големина на фонт

а а а

Бред Пит признал дека се срами бидејќи не ги препознава лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот.

Иако можеби мислевте дека животот на славна личност како него е исполнет само со убави моменти, 61-годишниот актер тврди дека се бори со ретка состојба која јавноста не ја разбира целосно. Актерот изјавил дека истата му ја отежнала дружбата со луѓето поради начинот на кој тие реагираат кога тој нема да ги препознае.


Пит претходно открил дека справувањето со нарушување наречено просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и несфатен.

Што е просопагнозија?

Наједноставно кажано, просопагнозијата е слепило на лицето. Поединците со оваа состојба не можат да разликуваат дали претходно виделе некое лице и кому му припаѓа истото, па затоа се потпираат на нивната фризура, глас, држење на телото или облека за да ги препознаат луѓето. При најтешката форма на просопагнозија, луѓето не го препознаваат сопственото лице во огледало.


Досегашните истражувања не покажуваат ветувачки наоди во врска со третманот на просопагнозија со обука за препознавање лице, но еден начин да им се помогне на овие лица е да се укаже на можноста за користење на други карактеристики како висина, градба, облека, накит или глас за да ги препознаат луѓето со кои се среќаваат и да ја вежбаат оваа стратегија.

Луѓето не му веруваат

Бред Пит рекол дека луѓето не веруваат дека тој боледува од ова нарушување, што многу му го отежнува животот. Во интервју за „Esquire“, тој изјавил: „Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознаам лица“.


Тој исто така признал дека не добил официјална дијагноза, но експертите рекле дека покажува некои од знаците. Зборувајќи во 2013 година, Пит дури и признал дека се обидел да применува проактивен пристап една година при што едноставно ги прашувал луѓето каде се запознале, но тоа не поминало баш најдобро.

„Во еден момент решив отворено да ги прашувам каде се запознавме. Но, сè стана само полошо. Луѓето беа уште повеќе навредени“, рекол актерот. Тој исто така се пожалил дека не сака да остави негативен впечаток или да создаде репутација дека е самобендисан или недружељубив и дека едноставно сака да биде подобро разбран во јавноста.