Далас со лекција за Сакраменто, Хиро доминираше за плеј-ин победа на Мајами

Дерби

17/04/2025

11:56

759

Големина на фонт

а а а

Далас и Мајами обезбедија победа на плеј-ин натпреварите во НБА лигата, задржувајќи ги шансите за место меѓу најдобрите осум во своите конференции и настап во плејофот.

Далас му нанесе голем удар на Сакраменто, победувајќи го како гостин со 106:120, па сега ќе се соочи со Мемфис за последното плејоф место на Западот и евентуална плејоф серија со Оклахома Сити.

Маверикс го решија натпреварот со одличниот втор период во кој постигнаа 44 поени, а во истиот блескал Клеј Томпсон, кој го заврши дуелот со 23 поени.

Поефикасен бил Дејвис со 27 поени, додека кај поразените „кралеви“, ДеРоузен реализирал 33 поени.

Во источната конференција, Мајами како гостин го победи Чикаго со 90:109, со што си обезбеди натпревар со Атланта и можност да се избори за плејоф пресметка со Кливленд.

Хиро го одбележал натпреварот со 38 поени, а најефикасен во редовите на Чикаго бил Гиди со 25 поени.