Јаник Синер веќе се подготвува за враќање на тениските терени, а дел од неговите колеги и натаму го потенцираат незадоволството од начинот на кој беше казнет за користењето недозволена супстанца.
Италијанскиот тенисер направи спогодба според која доби тримесечна суспензија, а оттогаш на негова адреса стигнаа многу обвинувања, како и критики за одговорните за начинот на кој го решиле овој случај.
По подолго време, темата ја реактуелизираше Серена Вилијамс, која смета дека Синер поминал многу лесно со заработената суспензија.
– Ми се допаѓа тоа момче, Синер е многу важен за машкиот тенис и тој има потреба од него.
– Но, да бев јас на неговото место, ќе добиев суспензија на 20 години, – изјавила американската тенисерка која се повлече од терените во 2022 година.