Баерн Минхен нема да добие шанса да го игра евентуалното финале на Лигата на шампионите на својот стадион во Минхен, а елиминацијата од Интер во четвртфиналето е уште еден неуспех по тој во домашниот Куп.
Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Баварците не покажале доволно добра игра за да излеат како победници во двомечот со Интер, а притоа не е убеден и дека позицијата на тренерот Венсан Компани е доволно сигурна.
– Мислам дека ниедна опција не може да се исклучи во моментов и сигурно следуваат интересни недели во очекување на конечните одлуки на раководството.
– Едноставно мора да се потенцира дека Баерн не игра доволно добар фудбал, а доказ за тоа се и резултатите во другите натпреварувања, – потенцирал Хаман, истовремено критикувајќи ги и ѕвездите на бундеслигашот.
– Последните продолжувања на договорите се со нереални суми. Кога ќе видите како игра Интер со фудбалери чиј буџет за плати е двојно помал, очигледно е дека фудбалерите на Баерн даваат премалку на теренот, – рекол Хаман.