[ВИДЕО] „Голем бакнеж за Путин“ – Жан Клод ван Дам снимил видео за рускиот лидер – Еве што му порачал

Точка

17/04/2025

18:26

2.130

Големина на фонт

а а а

Американско-белгискиот актер Жан-Клод ван Дам преку видеоснимка му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин изразувајќи желба да ја посети Русија и да стане амбасадор на мирот, објавено е на Телеграм каналот на украинската новинарка Дијана Панченко.

„Здраво, господине Путин, како сте? Сакаме да ја посетиме Русија. Ќе се обидеме да направиме сè како што вие сакате, да станеме амбасадори на мирот. Јас би сакал да станам тоа. Би било голема чест да се има таква титула“, рекол Ван Дам во видеоснимката во која покрај него бил украинскиот бизнисмен и поранешен пратеник на Партијата на регионите, Александар Онишченко.

Актерот рекол дека нема намера да разговара со рускиот лидер за политика, туку „само за мир, спорт и среќа“. Тој исто така се присетил на единствената негова средба со рускиот лидер од 2010 година во Сочи, каде што пристигнал на Отвореното Европско првенство за борба без правила.


На крајот од видеообраќањето, Жан-Клод му испрати „голем бакнеж“ на Путин, неговото семејство и Русија.

Инаку во декември 2022 година, Ван Дам бил во посета Ужгород, Украина, каде што посетил една од болниците.

Според украинскиот портал „Страна“, актерот побарал од болничките работници да не ги откриваат причините за посетата.