Тинејџер од Германија осомничен за производство на смртоносно биолошко оружје

Макфакс

17/04/2025

20:01

1.313

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Германија извршила претрес во куќата на тинејџер осомничен дека произведувал и чувал исклучително отровна и смртоносна биолошка супстанца која се користи како воен агенс, пишува Си-Ен-Ен.

Според полицијата, 16-годишникот е осомничен дека произвел неколку ампули во импровизирана лабораторија на таванот на семејна куќа во Цајтајн, општина во сојузната покраина Саксонија во источна Германија.

Канцеларијата за криминални истраги на Саксонија започна истрага во соработка со државното правобранителство во Дрезден поради можно прекршување на германскиот Закон за воено оружје, кој го регулира производството и трговијата со супстанции кои се сметаат за воено оружје.

Полицијата соопшти дека во четвртокот во раните утрински часови почнала со претрес во домот на осомничениот со цел „да ги обезбеди сите отровни материи и други докази“. Инспекторите се уште не нашле докази за намерите на осомничениот во врска со тие отрови, соопшти полицијата.

Според досегашните сознанија од истрагата, нема законски основи за приведување на осомничениот согласно германскиот Закон за кривична постапка, а предвид е земен и Законот за малолетници, се наведува во соопштението.