Рафиња без влакна на јазикот: Чави не веруваше во мене, не можев да се помирам со она што ми направи против Јунајтед

Дерби

06/05/2025

10:59

1.256

Големина на фонт

а а а

Рафиња беше на излезни врати од Барселона и се чинеше дека ги брои последните денови како член на каталонскиот гигант, нешто што сигурно ќе се реализираше доколку Чави Ернандес останеше тренер на првиот тим.

Иако се беше предвидено да заврши со таков епилог, на крајот Чави беше заменет од Ханси Флик и тоа донесе огромна и драстична промена кога е во прашање Рафиња, па така од играч кој беше пред заминување, се претвори во фудбалер кој стана капитен и еден од најдобрите во тимот на Германецот.

Рафиња ја игра најдобрата сезона во кариерата под водство на Ханси и посебно е благодарен за третманот кој го доби од актуелниот тренер, но во период кога се бори за најважните трофеи како еден од лидерите на тимот, Бразилецот реши да му испрати една „отровна стрела“ на Чави.

– Чувствував дека Чави и неговиот стручен штаб не веруваат доволно во мене. Понекогаш правев се што можев во период од 60 минути, но тој повторно мене прв ме вадеше од игра. Се обидов да ја поправам мојата ситуација, разговарав многу со него, но немаше големи промени. Тој имаше свое мислење и се држеше до тоа. Кога немаше кој да игра, само тогаш играв 90 минути.

– И покрај се, давав 100 проценти, решавав натпревари, но кога имаше друг играч за мојата позиција, го ставаше него пред мене. Има едно незаборавно видео на кое се гледа како експлодирав по една измена, моментот кога удирав по седиштето. Мислам дека беше на натпреварот со Манчестер Јунајтед. Имав добар меч, дадов гол и запишав асистенција, резултатот беше 2:2 и реши да ме извади откако претходно подготвив шанса за нов гол. И покрај се, јас бев првата измена, кога го видов семафорот, не можев да поверувам што прави. Навистина не можев да се помирам со тоа во тој момент, – се потсетува Рафиња.