Ханси Флик со една голема забелешка за Марчињак: Имав што да му кажам по крајот на мечот

Дерби

07/05/2025

11:54

1.240

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик остана горд на своите млади фудбалери и покрај болната елиминација од Интер во Лигата на шампиони, натпревар кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите во полуфиналето на најелитното натпреварување.

Во незаборавен двомеч со 13 постигнати погодоци, Интер на крајот се пласираше во големото финале со вкупни 7:6, но секако пресудни беа синоќешните 4:3 во Милано во корист на домашниот тим.

Барселона направи пресврт во вториот дел и две минути ја делеа од пласман во Минхен, но потоа Ачерби постигна гол за 3:3 кој го однесе мечот во дополнителни 30 минути игра.

Во овој период клучен се покажа голот на Фратези и херојската одбрана на голманот Зомер, меѓутоа пред да дојде до тоа, гостите имаа низа забелешки за арбитражата на Шимон Марчињак.

Каталонците сметаат дека се сериозно оштетени во најмалку четири ситуации од полскиот арбитар, па во таа насока оди и изјавата на Ханси Флик кој обично не сака да зборува за арбитрите.

– Разочаран сум од елиминацијата, но разочарувањето од целосниот исход, а не од мојот тим. Играчите дадоа се што имаа, но за жал, фудбалот знае да има и вакво лице. Сега сме надвор од натпреварувањето, наредната година ќе се вратиме и ќе направиме се за да ги израдуваме нашите фанови.

– Обично не сакам да зборувам за судиите, но овојпат секоја одлука која беше 50-50 одеше на нивна страна. Тоа ме прави малку повеќе тажен од обично, но едноставно немам никаква забелешка за моите играчи. Не сакам да зборувам подетално за судиите, тоа што имав да му го кажам, му го кажав по крајот на мечот. Сепак, нема да ви откривам каква порака му испратив, тоа ќе остане меѓу нас, – изјави Флик.