Свршеницата на Мик Џегер ја брани нивната разлика во годините: „Тој е помлад од мене“

Точка

11/05/2025

10:31

1.578

Големина на фонт

а а а

Свршеницата на Мик Џегер, поранешната балерина Мелани Хамрик, ја бранеше големата разлика во годините меѓу нив. Имено тој е 44 години постар од неа, а таа не гледа ништо спорно во тоа.

Хамрик има 37, а Џегер 81 година. Инаку таа присуствуваше на гала-вечерта на „New York City Ballet“ и кратко изјави: „Тој е помлад од мене! Тој е неверојатен, навистина е.“


Двајцата се запознале во 2014 година додека тој беше на турнеја во Јапонија со „Ролинг Стоунс“, а Хамрик настапувала таму со Американскиот балетски театар.


Подоцна во 2016 година го добија синот Деверо, а во една прилика поранешната балерина на социјалните мрежи сподели снимка од синот како танцува.


„Тоа е природно, тоа му е во гените. Никој не го учел ниту влијаел врз него. Така танцуваше пред да ги види концертите на неговиот татко“, рече таа.


Потсетуваме, Хамрик неодамна ја потврди веста дека Џегер ѝ предложил брак, но сепак не брзаат да застанат пред олтарот.