Обожавателите бесни поради најавениот спин-оф на легендарната „The Office“: „Ужасна идеја“

Точка

15/05/2025

12:01

531

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на „The Office“ го изразија своето незадоволство од претстојниот спин-оф на оваа популарна хумористична серија.

Имено, новата серија „The Paper“, во која главните улоги ги играат Домнал Глисон и Сабрина Импачаторе, ќе биде снимена во мокументарен стил и е сместена во истата средина како и оригиналната серија.

Оскар Нуњес, актер од оригиналната екипа, ќе се појави во серијата, што само ја зголемува носталгијата. Продукцијата потврди дека ќе ја користат истата фиктивна документарна екипа што ја снимаше филијалата на „Dunder Miffin“ во Скрантон.


Премиерата на серијата е најавена за септември годинава, а заплетот следи хумористични настани и хаос во редакцијата на еден весник. За разлика од „The Office“ каде што дејството се одвиваше во канцеларија за продажба на хартија, „The Paper“ се одвива во редакцијата на еден локален весник.

„Екипа за снимање документарци бара нова тема кога наидуваат на историски весник од Толедо, „The Truth Teller“, и на ентузијастички издавач кој се обидува да го оживее“, објави „Peacock“.

The Scranton documentary crew is heading to Toledo. #ThePaper arrives this September on Peacock.

Posted by Peacock TV on Monday 12 May 2025

Американската верзија на серијата „The Office“ е базирана на истоимената британска серија создадена од Рики Џервејс и Стивен Мрчант. Премиерата беше во 2005 година, а во главната улога играше Стив Карел како менаџер на филијалата во Скрантон, заедно со колегите Рејн Вилсон, Џон Красински и Џена Фишер.

Грег Дениелс, креаторот на американската верзија, сега е со Мајкл Коман и авторот на новата серија. Продуценти ќе бидат и Џервејс, Мрчант, Хауард Клајн, Бен Силвермен и Баниџеј Америкас. Откако „Peacock“ во понеделникот објави нови детали за серијата, многу фанови на социјалните мрежи не го криеја своето разочарување.


„Ужасна идеја, дали навистина ни треба ова“, „Не може да се надмине оригиналот“, „Како планираат да го изведат тоа“, „Не го сакаме“, се само некои од коментарите.