Манчестер Јунајтед остана без посакуваниот резултат во соочувањето со Тотенхем во финалето на Лига Европа кое се играше на „Сан Мамес“ во Билбао.
„Црвените ѓаволи“ доживеаа пораз од 1-0, пораз кој боли затоа што овој меч носеше голем влог затоа што победникот однесе се (трофеј и место во ЛШ), додека поразениот ќе претрпи финансиска загуба, останува без Европа, а и ја заокружува сезоната на катастрофален начин.
Менаџерот Рубен Аморим беше разочаран од конечниот епилог и по средбата порача дека е подготвен да си оди без компензација ако водечките луѓе го гледаат проблемот во него.
„ЕСПН“ од свои извори дознава дека управата на премиерлигашот нема намера да преземе неочекувани драстични чекори, односно максимално му верува на Португалецот. Неговата работа е сигурна и покрај навистина лошите резултати пред се во Премиер лигата.
Клубот планира да се засили во летниот преоден рок, ама останува да се види каков сега ќе биде планот и колку средства реално ќе можат да бидат потрешени затоа што ќе ги нема парите кои ќе беа заработени со настап во ЛШ.
- Имаме два плана за пазарот и мора да разбереме дека е тешко за клуб како нашиот да не биде во Лигата на шампионите. Но, мора да ја искористиме и другата страна. Имаме повеќе време да работиме во текот на неделата на Премиер лигата и тоа ќе биде нашиот фокус, - порача Аморим.