[АУДИО] Роби Вилијамс го најави новиот албум: Првата песна веќе е објавена

Точка

22/05/2025

19:26

403

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс, британската суперѕвезда и поранешен пејач на „Take That“, најави дека на есен оваа година ќе го објави новиот албум „Britpop“, а првата песна веќе е објавена.

Водечкиот сингл „Rocket“ вклучува гитарско соло отсвирено од Тони Ајоми од хеви метал бендот „Black Sabbath“.

Вилијамс ги објави и датумите на европската турнеја

„Насловот на албумот намерно го евоцира врвот на бритпоп бендовите од 1990-тите како „Take That“, „Blur“ и ’Oasis‘“, рекол пејачот.

„Тргнав да го создадам албумот кој сакав да го напишам и да го издадам откако го напуштив „Take That“ во 1995 година“, напишал Вилијамс на Инстаграм. „Соработував со некои од моите идоли на овој албум, тој е сиров, има повеќе гитари и е албум кој е уште повесел и уште попопуларен од вообичаеното“, додал тој.


Вилијамс ги објави и датумите на европската Бритпоп турнеја „Robbie Williams Live 2025“ на која во моментов нема концерти во Македонија. Најблиску до нас ќе биде во Софија на 28 септември.