[ВИДЕО] Страшна партија на „волците“: Минесота ја уништи Оклахома со 42 разлика

Дерби

25/05/2025

10:26

315

Големина на фонт

а а а

Екипата на Минесота Тимбервулвс го зададе првиот удар во финалната серија против Оклахома Сити Тандер во западната конференција во НБА лигата, тежок удар со кој дефинитивно се враќа во оваа битка во која сега има негатива од 2-1.

„Волците“ ја понижија Оклахома, тимот со најдобрата одбрана во лигата со триумф од 42 разлика. Домаќините одиграа страшен меч, во сите четири четвртини постигнаа над 30 поени за конечен триумф на крајот од 143:101.

Шестмина играчи кај победникот имаа двоцифрен учинок, лидери беа Едвардс со 30 и Рендл со 24 поени. Најдобриот играч на гостите и воедно МВП на сезоната, Шеј беше спуштен на само 14 кошеви што е негова најслаба партија во тековнава кампања.

И следниот меч во серијата се игра во „Таргет Центарот“ во Минеаполис.