Флик за критикуваната ѕвезда на Барселона: Има договор, сметам на него за наредната сезона

Дерби

25/05/2025

14:10

962

Големина на фонт

а а а

Барселона има уште еден меч до крајот на оваа сезона, пресметката со Атлетик Билбао која е закажана за вечерва на „Сан Мамес“.

Ова е дуел кој нема резултатско значање за двете екипи и може да биде една убава фудбалска претстава исполнета со голови, па со оглед на тоа фокусот на новинарите беше насочен кон друга прашања и предводникот на каталонците, Ханси Флик реши некои дилеми.

Доста се говори за иднината на Роналд Араухо и критиките на фановите, но Германецот има јасна слика и стоперот дефинитивно останува на „Камп Ноу“.


-Тој ќе остане, има договор. Ќе остане. Имам 100% доверба во него. Беше тешка сезона за него. Не беше лесна. Кубарси и Ињиго имаа фантастична сезона, не беше лесно за Араухо да влезе и да го покаже својот квалитет, но имам голема самодоверба и дефинитивно ќе се подобри кога ќе започне новата сезона, -истакна Ханси кој веќе работи со Деко за престојниот летен преоден рок.

-Разговарав со Деко. Најважно е клучните играчи да останат и да ја гарантираме иднината на Барса. Тој знае на кои позиции треба промена и засилувања. Среќен сум. Разговараме многу и сме на иста бранова должина. Во последните неколку натпревари, можеби немавме многу опции за овие позиции. Тоа е работа на Деко и јас ќе му помогнам. Не сакам да зборувам за играчи кои не се во мојот тим. Но двајцата се фантастични (Луис Дијаз и Маркус Рашфорд), ми се допаѓаат и ќе видиме што ќе се случи. Тие се фантастични, -порача предводникот на каталонците.