Барселона ја одработи својата задача максимално професионално и во последното коло забележа победа од 0:3 во дерби пресметката со Атлетик Билбао, со што само потврди дека годинава беше за класа подобар меѓу најдобрите тимови во Ла Лига.
Каталонскиот гигант лесно ги надигра Баскијците на жешкото гостување и со убедлив триумф ја заокружи сезоната во која освои три титули, но која за неполн месец ќе продолжи и со настап на Светското клупско првенство.
Во исклучително силниот стартен тим, големо изненадување беше Ињаки Пења кој застана на голот по пауза од пет месеци, па по средбата Германецот накратко објасни зошто му дал шанса на голманот кој беше најнезадоволен член во првиот тим во последно време.
– Ињаки беше тажен поради одлуката која ја донесовме на голот, но тој со месеци наназад даваше се од себе на тренинзите и одлучивме дека заслужи да игра на последниот меч во Ла Лига.
– Не знам дали ова е неговиот последен настап за Барселона, но со овој натпревар сакав да му се заблагодарам за сезоната. Не беше среќен поради мојата одлука и заслужи да ја заврши сезоната со минутажа на голот. Покажа дека е во добра форма, го заврши мечот без примен гол, – изјави Флик.