Путин: Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина

Макфакс

26/05/2025

20:24

732

Големина на фонт

а а а

Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина по државниот удар во 2014 година, вклучително и уништувањето на населението на Донбас, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со претставници на деловните кругови, пренесуваат светските агенции.

Путин истакна дека во Украина „е извршен крвав државен удар и дека уништувањето на Донбас продолжило“.

Тој рече дека Русија не организирала државен удар во Украина, објави Спутник, а пренесе Танјуг.

„Ние не организиравме државен удар во Украина. Тие постојано ни велеа дека треба да има демократија, избори. Тие извршија државен удар и тоа беше, како да требаше да биде, крваво. И тие продолжија да го уништуваат Донбас и така натаму, да убиваат луѓе таму од хеликоптери и авиони, тоа е едноставно апсурдно. Нè принудија да го правиме она што го правиме сега и се обидуваат да не обвинат за тоа“, нагласи Путин, пренесува Танјуг.