[ФОТО] Бјанка Ценсори продолжува со 18+ фотографиите: Следбениците се прашуваат: Како е ова воопшто дозволено?

Точка

28/05/2025

17:51

4.070

Големина на фонт

а а а

Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, објави неколку разголени фотографии на Инстаграм.

Имено таа позираше во мрежест горен дел и проѕирни хулахопки, без долна облека под нив, а ова нејзино издание предизвика лавина коментари.


„Те пријавувам поради голотија“, „Канје не ја присилува, сето ова е нејзина идеја“, „Не разбирам како воопшто ти е дозволено да објавуваш вакво нешто на Инстаграм“, „Зошто го правиш ова? За внимание? Не мислам дека ти треба“, „Сфаќаме, цело време си гола“, „Жено, облечи се“, се само дел од коментарите.

И во Шпанија носеше мрежеста комбинација

Канје и Бјанка неодамна биле фотографирани во Шпанија, односно биле забележани на пазар во гратчето Сантањи.


30-годишната Бјанка привлече внимание облечена во црн мрежест градник кој целосно ги откри нејзините брадавици, заедно со црни минијатурни пантолони.


Му поставила ултиматум?

Инаку се појавија тврдења дека Бјанка му поставила ултиматум на сопругот.

Како што изјавил извор за „Мирор“, тензиите меѓу сопружниците достигнале врв. „Таа сака повеќе слобода. Ако тој не го прифати тоа, Бјанка ќе го остави“, коментирал изворот. Тензиите наводно биле предизвикани од тоа што Канје ѝ забранил на Бјанка да соработува со луксузни модни брендови.


„Нејзе ѝ недостига самата да си ја работи работата. Не сака да се чувствува ограничено. Таа е многу креативна личност и сака да се истакне како моќна, независна жена“, додаде изворот.