ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата.
Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот.
„14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои во најавата на ВМРО-ДПМНЕ.
Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот.
„Провизии кои чинат...
Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Friday 30 May 2025
За пожарот во модуларната болница порашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор. Судот одлучи дека се виновни за предизвикување тешки дела против општата сигурност, бидејќи не обезбедиле ПП апарати во објектот, што придонело во пожарот на осми септември во 2021 година да загинат 14 лица, пациенти кои се лекувале од ковид и членови од нивните семејства. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.
Како причина за пожарот беше утврдено дека е продолжен кабел во болницата кој се прегреал, додека во него биле вклучени повеќе апарати, како дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.