15 илјади ученици полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура

Макфакс

31/05/2025

08:42

430

Големина на фонт

а а а

Над 15 илјади ученици кои завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Тој е задолжителен за сите матуранти.

Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 9.969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни. И оваа година најголем број избрале да полагаат англиски јазик – над 13 илјади.

Покрај екстерните испити, дел од државната матура се и два интерни испита и проектна задача.

За надгледување на испитниот процес, ДИЦ ќе ангажира околу 2000 тестатори.

Минатата 2023/2024 година, средна оценка од државната матура беше 3,25.

Државната матура се спроведува од 2007 година, а единствено не се одржа во учебната 2019/2020 година поради Ковид-19 пандемијата.