Деветгодишно девојче е убиено, а 16-годишно момче е рането во руски ракетен напад врз селото Долинка во украинскиот Запорожски регион, објави гувернерот на тој регион, Иван Федоров.
Една куќа беше уништена во експлозијата, додека неколку други куќи, автомобили и помошни објекти беа оштетени, објави АП.
Нападот се случил во текот на ноќта и како што објави претходно споменатата агенција, Русија лансирала 109 дронови и пет ракети низ Украина.
Украинските сили пресретнаа три ракети и 42 дронови, додека 30 дронови паднаа и не предизвикаа никаква штета, соопшти украинската армија.
Москва не го коментираше последниот напад.