Лацио официјално објави дека Марко Барони повеќе нема да биде тренер на римскиот клуб, а како можен наследник се споменува Маурицио Сари.
Искусниот стратег го напушти „Олимпико“ пред нешто повеќе од една година, но според италијанските медиуми, сега би можел да потпише двегодишен договор со можност за продолжување уште една сезона.
Сари наводно би добивал годишна плата од 2,5 милиони евра, а преку бонуси – зависно од резултатите – би можел да заработи дополнителни 1,5 милион евра.
👀
#AvantiLazio
Posted by S.S. Lazio on Monday 2 June 2025
Сари беше тренер на Лацио од јули 2021 до средината на март 2024 година, кога поднесе оставка.
Тогаш работеше под одредени ограничувања, што му претставуваше проблем, но сега се шпекулира дека доколку повторно седне на клупата на Лацио, ќе има целосна слобода во работата. Сари ги оствари најголемите успеси во својата кариера со „Челси“ и „Јувентус“ – со лондонскиот клуб ја освои Лигата на Европа, а со „Старата дама“ стана шампион на Италија веќе следната година.
Што се однесува до Барони, тој пристигна минатото лето и потпиша повеќегодишен договор со клубот од Рим. Меѓутоа, слабите резултати на крајот од сезоната го чинеа функцијата, па Лацио следната сезона нема да игра во европските натпреварувања.