[ВИДЕО] Денот кога Вардар повторно ја покори Европа: Шест години од втората титула на „црвено-црните“ во ЛШ

Дерби

02/06/2025

20:03

1.483

Големина на фонт

а а а

Вардар вчера дојде до нов успех во својата клупска историја, трофеј во Купот на Македонија и тоа откако на завршниот турнир кој се одржа во Охрид го совлада лутиот ривал Еурофарм Пелистер.

Овој резултат дефинитивно е важен за вардарци пред завршницата во шампионатот и дуелите со Тиквеш и Пелистер кои се на програмата оваа седмица, меѓутоа пред тие предизвици скопскиот тим одбележува титула која ќе се памети, а тоа е онаа во Лигата на шампионите.

На денешен ден пред шест години Вардар повторно стана европски првак. Скопскиот тим имаше огромни проблеми таа сезона, меѓутоа тимот беше како големо семејство, ги надмина сите пречки и успеа да дојде до завршниот фајналфор турнир во Келн каде беше апсолутен аутсајдер.

Меѓутоа прво беше направено чудо со Барселона за да во финалето биде добиен Веспрем со 27:24. Лидери беа Мораеш со 6 и Чупиќ со 5 погодоци, додека Милосављев и Гедбан забележаа 10 одбрани меѓу стативите.