Уапсен пијан возач во Пробиштип, со возило удрил во дрво

Макфакс

03/06/2025

09:51

178

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси возач во Пробиштип кој управувал возило под дејство на алкохол и удрил во дрво.

Според информациите на МВР, вчера во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип.

Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво.

По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.